КАФЕ ПАУЗА

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

За да го направите вашиот дом попривлечно и поромантично место, треба да ги задоволите вашите сетила. Одберете голем и удобен мебел, нежни ткаенини, привлечни мириси и придушени светла. Но, не претерувајте. Еве неколку совети како вашиот дом да се претвори во едно едноставно, но сензуално место за Денот на вљубените.rn

Црвен аларм

rnЦрвената боја има неверојатна енергија. Таа го забрзува пулсот и го разработува метаболизмот. Њујоршкиот декоратор Мили де Каброл ја препорачува црвената боја за акцентирање на одредени делови, како што се кадифен стол, голема слика или тепих. Црвената боја може да се комбинира со смарагдно зелена, портокалова или кралско сина боја.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

Вечерно светло

rnНајдобро е да се одлучите за столни ламби. Мол Андерсон, авторот на книгата „Заводлив дом“, сугерира да инвестирате во придушено светло. Според Андерсон, светлото е многу важно за секоја соба. Тоа може дури и да ја смени намената на собата и да ја направи многу попривлечна.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

Вечен пламен

rnВо прилог на ламбите и придушеното светло, треперењето на пламенот од свеќите е совршен додаток. Без разлика дали се мали или големи, тесни или широки, во чаша или во свеќник, свеќите секогаш го поттикнуваат романтичното расположение.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

Нежен допир

rn

Удобните и нежни ткаенини не само што го задоволуваат сетилото за допир, туку може да изгледаат и многу луксузно. Одберете перници од кашмир, свила, кадифе или вештачко крзно, во кафеава, сива или кремаста боја.

rn

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

rnrn

Островот на фантазијата

rnЕдно парче мебел во големи размери може да создаде романтична атмосфера во гостинската или во спалната соба. Можете да ја создадете сопствената фантазија во кревет со балдахин.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

Љубовна јама

rnУкрасете ја најважната соба со нежна постела, но не заборавајте го и удобниот душек. Андерсон советува да одберете постела во која ќе се чувствувате удобно, потоа додадете уште неколку перници, а наутро послужете го партнерот со топло кафе.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

Моќта на мирисот

rn

Романтиката, апетитот и мирисот се меѓусебно интимно поврзани. Мирисот на ванила, роза, иланг-иланг, бергам и јасмин се познати афродизијаци. И лавандата е, исто така, добар избор затоа што ја обожаваат и мажите и жените. Ако сте се одлучиле за неароматични свеќи, во тој случај може да употребите миризливи стапчиња.

rn

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

rnrn

Променете го местото

rnВечерата на невообичаено место дава чувство на леснотија и изненадување. За промена, послужете ја вечерата во дворот, на терасата или на некое друго невообичаено место.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?rn

Здравица со црвено вино

rn

Секогаш во близина имајте добро црвено вино и вински чаши. Тоа е добар начин да се започне разговорот. Дури и ако сте преморени од работа, чаша црвено вино може да ја направи романтична дури и најобичната вечера. Уште подобро е ако сте инвентивни и кажете некоја креативна здравица.

rn

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

rnrn

Природен инстинкт

rnЗа романтична атмосфера на масата, заборавете на чаршафите. Не покривајте ја масата, туку декорирајте ја со стаклени вазни или поголеми чаши полни со цвеќе. Сензуалноста е природен инстинкт што ја нагласува природната убавина.rnrnКако да го украсите домот за Свети Валентин?
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.