КАФЕ ПАУЗА

Според познат руски психолог: Образованата жена не треба да се мажи за мајстор

Според познат руски психолог: Образованата жена не треба да се мажи за мајстор

Популарниот руски психолог Михаил Литвак споделил една приказна од својата ординација. Ви ја пренесуваме во продолжение…rnrnСпоред познат руски психолог: Образованата жена не треба да се мажи за мајсторrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„Еден ден, кај мене во ординација дојде Марија. Нејзиниот проблем бил што не можела да си најде маж.rnrnМарија е образована и многу успешна директорка на фирма. Зад себе има еден пропаднат брак и две, веќе пораснати ќерки.rnrnВо секој поглед таа е успешна жена, освен во љубовта. Но, Марија има сакано претходно. Лудо била заљубена во нејзиниот сопруг. Затоа и се омажила за него. Додека таа се едуцирала и грабала напред, градејќи завидна кариера, нејзиниот сопруг бил обичен работник во една фирма, со просечна плата. Немал желба за професионален напредок.rnrnИ додека кариерата на Марија се развивала, додека таа одела кон врвот, тој станувал сѐ понезадоволен, па нивниот брак почнал многу да трпи. Еден ден Марија отворено го прашала што да направи за да би го зачувала нивниот брак.rn

‘Напушти ја работата и посвети се на семејството’ – побарал тој.

rnМарија се сложила. Дала отказ од работа и станала домаќинка, а сето тоа за да има мир во домот. Меѓутоа, тој мир никако не доаѓал. Зошто? Мажот бил огорчен, ништо не му одговарало. Му пречела Марија која постојано седела дома. Сѐ го потсетувало на тоа дека таа успеала во животот, а тој никако не можел.rnrnКога ситуацијата во бракот не се поправила и после неколку години, Марија одлучила да се разведе. Го оставила сопругот и почнала од почеток.rnrnСама ги школувала ќерките, кариерата одново ја издигнала од пепелта, но и понатаму немала среќа во љубовта. Затоа се обратила на психолог.rnrnЕве во што беше нејзиниот проблем:rnrnАко вашиот партнер не расте и не се развива покрај вас, треба да го оставите без двоумење. Не обидувајте се да го промените. Не губете време.rnrnМарија се жалеше на неправда, бидејќи мажите кои нејзе ѝ се допаѓале (успешни, вработени луѓе), покрај себе имале жени-домаќинки, мајки без кариера и успех.rnrnОние мажи на кои Марија им се допаѓала биле женкари кои не доаѓале предвид.rnrnМојот совет за Марија беше да гледа повеќе помеѓу многу успешните деловни луѓе кои имаат исти интереси како и таа. Ако доволно долго гледате, ќе го најдете она што го барате.rnrnЗатоа жени, пишувајте докторски дисертации, грабајте напред и никако не вртете се зад себе. Не гледајте ги луѓето кои се под вас, тие само ќе ве повлечат кон дното. Ништо добро нема да произлезе од тоа. Дури и ако сосема се промените себеси и постанете тоа што тој го барал од вас – ни тогаш нема да му одговарате.rnrnПодобро е да бидете сами, одошто во лошо друштво!“rnrn[/message_box]rnrnДали се согласувате со оваа препорака на рускиот психолог?rnrnПрочитајте ги и 10-те најчести причини поради кои врските и браковите пропаѓаат.