Како спиете? Мирно и без прекини? Или пак, цела ноќ се вртите, се будите и имате лоши соништа? Потврдниот одговор на последното прашање може да укажува на нерешени проблеми во вашиот љубовен однос, со кои очигледно се борите и во соништата.rnrn
rnrnНе е непознато дека емоционалната состојба ги допира и нашите соништа, па токму тоа било и основата за едно истражување спроведено на 698 парови на возраст помеѓу 35 и 86 години. Секој од испитаниците требало да одговара на прашања поврзани со депресијата, анксиозноста и несоницата, како и за нивната врска.rnrnСпоред резултатите се открило дека паровите што имале позитивни одговори во однос на нивната врска, имале и помирен и поквалитетен сон во споредба со оние што се соочувале со некакви проблеми, кои пак најчесто ги мачела несоница или често се буделе во ноќта. Паровите чија врска патела, најчесто се соочувале со проблеми во комуникацијата.rnrnОва нека ви биде потсетување дека секогаш треба да разговарате со вашите сакани, со цел да ја одржите врската, но и за да можете да се наспиете на раат. Исто така не заборавајте дека без разлика на проблемите со кои се соочувате надвор од врската, како на пример, факултетот, финансиите и слично, заспивањето во прегратката на партнерот може да направи да се почувствувате среќно, сигурно и заштитено, притоа заборавајќи на сите немири. Барем до следното утро.rnrnПрочитајте и кои се 8-те најочигледни знаци дека водите здрава љубовна врска!
Чудно, но неверојатно точно: Начинот на кој спиете открива дали сте во среќна врска
