Како поминуваат годините, сексот станува подобар
Иако Ким Катрал, глумицата која ја глумеше Саманта Џоунс во популарната ТВ серија и во двете продолженија од „Сексот и градот“ допринесе да се промени сликата за сексуалниот живот на постарите жени, сепак и понатаму преовладува мислењето дека тие не уживаат толку многу во сексот.Според сфаќањата во нашиот регион, кога ќе надминеш 45 години, целиот живот оди во надолна линија, па така и сексуалниот. Па иако многу постари, познати холивудски глумици и светски пејачки изгледаат фантастично на оваа возраст, сепак тоа не е доволно за да се промени општото мислење во регионов.
Сепак, според најновите истражувања, резултатите велат дека оние кои така размислуваат се во огромна заблуда. Истражувањето било направено на жени на возраст од 40 до 100 години, а резултатите покажале дека половина од испитаниците се сексуално активни, дури и во осумдесеттите години од животот.
Истражувањето исто така им дава совети на дамите помлади од 40 години како да го подобрат својот сексуален живот. Истражувачката Елизабет Берет Конир вели дека младите луѓе кои страдаат од сексуална дисфункција најчесто се жалат дека немаат желба за секс. За разлика од нив постарите жени не размислуваат за сексот, не планираат кога ќе го имаат, ниту пак го бараат, но сепак се сексуално задоволени.
Поентата лежи во тоа што жената треба да се чувствува удобно во својата кожа. Младите премногу размислуваат, планираат и се стресуваат околу сексот, а и понатаму патат од ниско либидо. Тие често се стават себеси под притисок и тежнеат кон досега недоживеано искуство, а тоа не резултира позитивно. Можеби годините не се важни, но претераното размислување секогаш е контрапродуктивно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.