Неверојатен, синхронизиран танц со раце

Сподели

Автор: Весна Јовановска

Реклама

Преку нов синхронизиран танц со рацете, талентираната ирска двојка Сузан Клери и Питер Хардинг повторно ја освои интернет-публиката. Тие подготвиле видеоспот со откачена авангардна кореографија, која нивниот извонреден настап го прави уште поинтересен.

Сценографијата пак, овојпат ја збогатиле со пиво. Додека танцуваат, тие во неколку наврати ги активираат и нозете, најверојатно за да останат во кондиција, додека повремено конзумираат од пивото. 🙂

Танцуваат на ремиксот на песната „Hands“ од Тинг Тингс, а спотот е во режија на Џони Рид.rn

rnСузан и Питер на публиката ѝ се добро познати уште од 2010 година. Станаа вистинска интернет-атракција со танцот на мелодијата „We no speak Americano“. Видеото беше погледнато од милиони интернет-корисници. Потсетете се.


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира