Автор: Маја ВладимироваrnrnНајскапиот хотел во Европа, Мардан Палас, се наоѓа во Турција, во областа Лара, Анталија. Овој хотел претставува ориентална бајка со архитектура инспирирана од Отоманската Империја и од познатата палата Долмабахче. Секој детаљ во него е внимателно осмислен и реализиран, со што се оправдани 1,4-те милијарди евра потрошени за неговата изградба.
Ресторан под вода, плажа со дробен порцелан наместо песок, многу злато и врвен кристал на сите страни… сето ова е само дел од она што ве очекува во овој хотел. За да се уверите во тоа, хотелот ви обезбедува виртуелна 3Д тура преку нивниот веб-сајт.
Мардан Палас има 560 соби, а цената на едно ноќевање во нив се движи од 365 до 14.600 евра. Најскапите соби се опремени со приватни базени, аудио плеери итн. Исто така, хотелот поседува и спа-центар, сопствена плажа, базен (кој важи за најголем во Европа) во кој е потопен аквариум со 2.400 риби.










rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
