Креирана од московскиот дизајнер Томпсон Томпсон, оваа удобна фотелја т.н. „Cocoon“ (кожурец) е совршена за одмор, релаксација и уживање и ви дава повод да поминете малку време сами со себе.
Благодарение на специфичниот дизајн, оваа фотелја одлично се вклопува во спалната, дневната соба, дворот, па дури и во вашата канцеларија. 
Конструкцијата на фотелјата е направена од гранулирана структура, која истовремено ја прави цврста и флексибилна. 
Таа е достапна во различни тапацирани дизајни, кои им овозможуваат на купувачите да го направат вистинскиот избор според нивните преференции.
Ако сакате тотално да се изолирате, можете да ги затворите „ушите“ на фотелјата и да медитирате во затворениот простор.
rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Удобна фотелја за целосна релаксација
