КАФЕ ПАУЗА

7 нешта што можат да ви се случат доколку престанете да одите на маникир

Без разлика дали одите на маникир или сами си ги средувате ноктите, целта е тие секогаш да ви бидат совршено уредни. Но, тоа што можеби не го знаете е дека и ним понекогаш им е потребен одмор, па доколку се одлучите за посоодветна нега, погледнете со што би се соочиле…rnrnrn

1. Ноктите ќе ви бидат појаки

rnКога не би нанесувале лак за нокти, при што не би користеле ацетон или друг отстранувач на лакот, разните состојки коишто ви ги оштетуваат ноктите ќе бидат далеку од вас. Тогаш ќе забележите дека ноктите ќе ви бидат појаки и помалку ќе се кршат.rn

2. Ноктите ќе ви бидат посветли

rnКако што виното и кафето оставаат траги на вашите заби, така и лакот остава траг на ноктите. Доколку сте љубители на темните лакови, а не ставате основа, тогаш поверојатно е дека ноктите ќе ви станат жолти. Ако одредено време не користите лак, вашите нокти ќе добијат природна и убава боја.rn

3. Ноктите ќе ви бидат помазни

rnНоктите се составени од неколку слоеви мртов кератин, при што средството за отстранување на лакот ќе го отстрани и овој слој, така што тие ќе станат погруби. Препорачливо е некој период да се одморите од лакирање, со цел вашите нокти да станат помазни.rn

4. Поверојатно е дека ќе треба дополнително да ги хидрирате

rnБез лак, ноктите можат да бидат посуви од вообичаено, па затоа ќе биде потребно неколку пати дневно да нанесете масло на заноктиците.rnrnrn

5. Имате поголеми шанси да станете поздрави

rnОпремата за маникир мора редовно да се дезинфицира, инаку ризикувате да добиете различни габични инфекции. Ако не сте задоволни со хигиената на салонот за маникир којшто го посетувате, искористете го времето додека трае одморот на вашите нокти и пронајдете нов и подобар салон.rn

6. Ќе заштедите пари

rnБидејќи посетувањето на салонот за маникир не е секогаш добро за вашиот паричник, паузата ќе ви помогне да заштедите пари и конечно да ги купите вашите омилени шминки за коишто веќе подолго време сонувате!rn

7. Морате да научите да ги сакате ноктите и без лак

rnМожеби на почетокот ќе ви биде тешко, особено ако сте љубител на светли или темни бои. Сепак, многу полесно ќе ви биде кога ќе го видите подобрувањето на своите нокти, како и зголемувањето на паричниот фонд. Дури и кога повторно ќе почнете да ги лакирате, ќе почнете да избирате неутрални нијанси.rnrnrnrnКако што гледате, на вашите нокти им е потребен мал одмор, па затоа потрудете се и тоа да им го овозможите!