Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони долари
Наскоро ќе се направи најскапиот стан во светот, кој ќе се наоѓа во Менхетен и ќе има поглед кон Централ парк во Њујорк. Станот е од 1.000 метри квадратни и ќе има стаклени ѕидови. Зградата е сè уште во фаза на изградба, а според плановите би требало да биде населена во 2013 година.Еден квадратен метар во овој стан ќе чини 110.000 американски долари или вкупно целиот стан ќе чини 110 милиони американски долари. Зградата е дело на францускиот архитект Кристијан Портзампар и ќе има 95 станови.Зградата ќе биде заштитена со чувари, на влезот ќе стојат вратари, во неа ќе има затворен базен, џакузи, библиотека, уметничко ателје, фитнес-центар, студио за јога и просторија за негување и бањање на куќни миленици.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.