Сигурно сакате да имате убаво тело и да се чувствувате удобно во сопствената кожа. Еве неколку начини на кои можете да влијаете на намалувањето на тежината и постепено да дојдете до посакуваната фигура.rnrn
rn
Пијте повеќе вода
rnПрестанете со пиењето газирани сокови, доколку сакате рамен стомак. Не внесувајте токсини во телото и наместо тоа одлучете се за чаша вода. Ќе забележите значителни подобрувања ако газираните пијалаци ги замените со вода.rn
Вежбајте
rnПогледнете се во огледало и стегнете ги мускулите на стомакот, рацете, задникот. Така ќе видите како би можеле да изгледате кога навистина ќе се зацврстите и тоа ќе ви даде мотив за повеќе вежбање и здрава исхрана.rn
Јадете повеќе зелен зеленчук
rnЈадете повеќе зелен зеленчук за да внесувате повеќе растителни влакна, витамини и хранливи материи. Консумирајте го со главните оброци или како ужина. Ова е уште еден добар начин за намалување на тежината, доколку е пропратено со соодветно вежбање во текот на неделата.rn
Консумирајте протеини
rnПротеините помагаат во обновувањето на мускулните влакна, кои се кинат како последица на вежбањето. Тие исто така и го зауздуваат апетитот. Во исхраната направете место за јајца, риба, пилешко доколку сакате поголема мускулна маса.rnrn
rn
Бидете горди на своето тело
rnМожеби посакувате да имате подолги нозе, потенок струк или помалку облини. Нешто од ова може да го смените со вежбање, додека некои работи се сепак наследни. Но, не смеете да очајувате. Прифатете се онакви какви што сте. Бидете горди на своето тело и потрудете се да го доведете до најубаво можно издание.rn
Намалете со млечните производи
rnСирењето и кашкавалот се многу вкусни, но и многу богати со масти и калории. Во ред е да консумирате умерени количини, но доколку сакате да се чувствувате убаво во сопственото тело, намалете со внесувањето на млечни производи.rn
Не јадете многу пред спиење
rnМногу луѓе се здебелуваат токму поради тоа што најголемиот оброк го оставаат за крајот на денот. Затоа, наместо тоа, кога ќе почувствувате глад навечер земете кисело млеко или зеленчук. Ќе заспиете лесно и ќе се разбудите лесни и полетни. Уште еден лесен начин како да почнете да се чувствувате удобно во сопствената кожа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.