КАФЕ ПАУЗА

Поучна приказна: Мудрецот и просветлувањето

Понекогаш сѐ што е важно е да останете фокусирани во сегашниот момент и целосно да му се предадете. Најчесто не е потребно ни да поседувате некои посебни вештини или знаења, за да можете да ги почувствувате придобивките од она што ви се случува. Во продолжение погледнете ја и оваа кратка поучна приказна која ќе ви покаже дека сѐ што ви е потребно е комплетно да му се препуштите на моментот, за да можете да постигнете одредено ниво на среќа и благосостојба.rnrnПоучна приказна: Мудрецот и просветлувањетоrnrnЕден човек посетил еден мудрец, со надеж дека ќе добие совети за свое просветлување.rnrn– Каде треба да барам просветлување?rnrn– Овде.rnrn– Кога ќе се случи тоа?rnrn– Тоа се случува токму во овој момент.rnrn– А зошто не го чувствувам?rnrn– Затоа што не гледаш.rnrn– А што да гледам?rnrn– Ништо, доволно е да гледаш.rnrn– Во што?rnrn– Во што било на што се фокусирани твоите очи.rnrn– Морам ли да гледам на посебен начин?rnrn– Не, доволно е на обичен.rnrn– Па, зар не гледам секогаш на обичен?rnrn– Не.rnrn– Зошто не?rnrn– Затоа што за да гледаш, би морал целиот да бидеш овде. А ти најверојатно си на друго место.