Што жените кажуваат, а што всушност мислат?
Во машко-женската комуникација едноставно постојат одредени зборови и реченици кои жените често знаат да ги употребат, а од кои машките се збунуваат и не знаат што да сторат понатаму. Ова се најчестите збунувачки одговори на жените и нивното вистинско значење.
Кога женско ќе каже добро обично сака да прекине некоја напната ситуација. Во ваквата ситуација, таа е во право, а паметно машко треба да си замолчи и да не продолжи понатаму. Кога сме веќе кај овој збор, тој никогаш не треба да биде одговор на прашање за нејзиниот изглед, бидејќи тоа може да биде повод за понатамошни проблеми.
Пет минути. Ова всушност значи пола час, повеќе или помалку, но во секој случај никогаш пет минути. Едноставно помирете се, не нервирајте се и почекајте.
Ништо, во многу случаи значи сешто. Овој збор често го употребуваат кога нешто ги мачи, а се надеваат дека мажите треба да знаат што е тоа. Епа ова зборче „ништо“ најчесто резултира со нешто што трае „5 минути“ и завршува со „добро“.
Во ред, е една од најопасните реченици која жените можат да им ја кажат на мажите. Тоа најчесто значи дека во тој момент нејзе ѝ е потребно подолго време за одмазда, па ова доаѓа како мини суптилна закана.
Благодарам. Без онесвестување, ама ова најчесто е искрено кажано, освен ако не е придружено со иронија.
Фала ти многу. Ова се кажува кога машкото направило некој навистина убав гест и најчесто е проследено со насмевка од 6-ка до 6-ка. Кога е со ироничен тон, подобро тргнете ѝ се од патот.
Длабоко издишување. Можеби ова не спаѓа во говор, но и тоа како се слуша. Во овие моменти таа ви е крајно бесна и се прашува што воопшто бара со вас.
Тивко издишување значи дека таа е задоволна. Ако во тие моменти не направите некоја глупост, тогаш сигурно ќе остане таква.
WE’VE BEEN BUSTED. 😀
Dobra statija i vistinita, ajde sega ako moze edna i za frazite na mazite. 🙂
top!!! 😀 😀 😀