Натпревар помеѓу кучиња-сурфери на бранови

Сподели

На натпреварот во сурфање на бранови, во кој учесници се кучиња-сурфери, а се одржува по шести пат во заливот на одморалиштето Луис Коронадо, присуствувале стотици локални граѓани од САД. Повеќе од педесет кучиња со различни големини и раси, се собрале по должината на брегот на калифорниската плажа Империјал на 5 јуни 2011 за да бидат дел од едно натпреварувачко јавање на бранови. Кучињата се натпреварувале во 10-минутни периоди, во кои се обидувале да „уловат“ барем два бранови. Периодите биле поделени во три категории: мали кучиња, големи кучиња и кучиња кои сурфаат во тандем. Судиите барале самодоверба во четвороножните сурфери, сурфање на долги бранови и оформено чувство за стил во овој спорт.Победниците на овој натпревар добиваат специјален туристички пакет во одморалиштето Луис Коронадо. Целиот профит од овој натпревар е дониран на DonorsChoose.org, онлајн-форум, кој им овозможува на професорите кои работат во државните училишта во Сан Диего, да побаруваат и да примаат финансиска поддршка од приватни спонзори за училиштен прибор.———————————————————————————————————————————————————————

Реклама New Ways Of Travel

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

Популарно

Може ќе ве интересира