Понекогаш, болките во стапалата можат да бидат предизвикани од притисокот кој го создаваат врвките на одреден дел од нив. Според тоа, менувањето на начинот на врзување може брзо и ефикасно да ја пресретне болката и лесно да го реши вашиот проблем.rnrn
rn
Отоци во горниот дел од стапалото
rnОвој проблем често се јавува кај луѓето со висок свод на долниот дел од стапалото. Врвките го тријат горниот дел од стапалото и ја иритираат кожата или создаваат плускавци.rnrn
rnrnЗа да го решите својот проблем, кога ќе ги местите врвките на вашите обувки, прескокнете еден ред во делот каде што најмногу ја чувствувате болката.rn
Премногу стегнати прсти
rnВашите прсти на нозете не можат да дишат. Решението е во врзувањето со две врвки.rnrn
rnrnЗа оваа цел ќе ви требаат по 2 врвки за секој чевел. Почнете од долу со едната врвка и врзете ја со машничка во средината. Потоа, другата врвка протнете ја во слободните отвори над машничката, наместете ја до горе и врзете уште една машничка кога ќе дојдете до крај. Експериментирајте додека не ја добите посакуваната удобност.rn
Отоци во сводниот дел на стапалата
rnВашите чевли премногу ве стегаат во горниот дел од стапалата…rnrn
rnrnРешете го проблемот со паралелно местење на врвките. Не вкрстувајте ги врвките на секое отворче, туку одете нагоре прескокнувајќи по едно дупче во вид на скала.rn
Лабава пета
rnДоколку вашите пети се лизгаат нагоре-надолу, решението е во подврзувањето на врвот од чевелот.rnrn
rnrnНаместете ги врвките нормално, но на врвот, каде што стрчи јазикот, искористите ги празните дупчиња за да ги протнете нагоре кон надвор и да направите јамчиња. Потоа вкрстете ги врвките и протнете го крајот од секоја страна во спротивната јамка од горе надолу. На крајот затегнете.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
