Ако во оставата имате тегла компот од праски, имате и празнична торта. Овој колач е сочен, мирисен и се прави без јајца и млеко, па е одличен за посните денови.
Состојки
- 1 тегла компот од праски (околу 700 г)
- 300 г брашно
- 200 г шеќер
- 150 мл масло
- 250 мл сок од компотот
- 100 г сецкани ореви
- 1 кесичка прашок за печење
- 1 кесичка ванилин шеќер
- корка од еден лимон
Подготовка
Исцедете ги праските, а сокот зачувајте го. Исечете ги праските на парчиња.
Во сад измешајте ги маслото, шеќерот, сокот од компотот, ванилин шеќерот и корката од лимон.
Додадете го брашното измешано со прашокот за печење и мешајте додека не добиете мазна смеса.
Додадете половина од праските и оревите.
Истурете ја смесата во подмачкан и побрашнет калап. Одозгора наредете ги останатите праски и посипете ги со ореви.
Печете на 180 степени околу 40 минути. Проверете со чепкалка – ако излезе сува, тортата е готова.
Совет
Пред сервирање посипете ја со шеќер во прав. Тортата е најубава следниот ден, кога сокот ќе се впие.






