Студеното време ја убива мотивацијата за трчање во зима и топење на новостекнатите килограми. Но, доколку некако сте успеале да се мотивирате да излезете да вежбате на отворено додека температурите се ниски, треба да знаете дека тоа може да биде небезбедно по вашето здравје.rnrn
rnrnСо соодветна облека студеното време не би требало да претставува проблем, но ако температурите надвор се спуштат под -20 степени, тогаш најпаметно ќе биде да останете да вежбате дома. Колку добро и да сте облечени, тоа време не овозможува безбедно одвивање на физичките активности на отворено. Тоа особено важи за луѓето кои имаат срцеви проблеми или астма.rnrn
rnrnАко температурите се малку попристојни, а вие сте нетрпеливи да се истрчате по снегот, сè уште има нешта на кои треба да внимавате. Ви требаат патики со кои нема да се лизгате на секој чекор. Исто така, треба да покриете најголем дел од кожата. Не облекувајте нешто многу дебело, туку облечете се во повеќе тенки слоеви. Два до три слоја облека ќе бидат доволно, но ако чувствувате потреба за повеќе тогаш не двоумете се. Не заборавајте да ги понесете и ракавиците, загрејте се добро пред да тргнете и уживајте во времето поминато надвор.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
