„Имам побогат социјален живот во Дојран отколку во Скопје во најдобрите мои денови“: Игор Џамбазов ја отвора втората сезона на „Со жена без рачна“

Сподели

По подолга пауза, „Со жена без рачна“ повторно ги пали моторите. Подкастот во автомобил на Ангела Апостоловска Петрески се врати со втора сезона, а за првото возење таа избра гостин чии приказни тешко се собираат во една емисија: Игор Џамбазов.

Реклама
Реклама

Актер, музичар, автор, шоумен, боем и романтичар. Овојпат возењето не беше низ Скопје, туку низ неговиот Дојран, а зад воланот седеше самиот Џамбазов: од Стар Дојран и селото Сретеново, преку Нов Дојран, па сè до Николиќ на самата граница со Грција.

Реклама
Реклама

Џамбазов раскажа дека во Дојран доаѓа уште од 1974 година, кога со семејството кампувале во легендарниот автокамп Ачикот. Вистинската одлука да се пресели дошла по две операции, кога сфатил дека мора да го напушти Скопје. Барал место на ниска надморска височина, а Дојран е еден од најниските делови во Македонија.

„Јас не можам да им објаснам на Скопјани дека имам побогат социјален живот во Дојран отколку што имав во Скопје во најдобрите мои денови“, вели Џамбазов, кој денес е и претседател на ФК Дојранско Езеро.

Реклама
Реклама

Битола и „вечните љубови“

Битола ја сака поради многу работи, но признава дека по неколку дена таму станува нервозен. Таму, вели, има „неколку битолчанки, вечни љубови“. Отворено зборуваше и за годините кога живеел во селото Слепче кај Демир Хисар. Тоа го смета за можеби најубавиот период во животот, иако тогаш се борел со пороците.

Жените и прекарите

Ангела не можеше да не праша за жените. Џамбазов откри како го викале жените што го сакале, а за себе вели дека најчесто ги викал едноставно „љубов“, но „со тежина“.

„Вие жените веднаш препознавате кога лажеме ние мажите. Вас и малите деца не можеш да ги излажеш“, рече низ смеа.

Ферхунде, кучето со име од турска серија

Во колата цело време беше и Ферхунде, кучето што го вдомил од улица во Дојран. Името го добило по најпопуларниот лик од „Кога лисјата паѓаат“, првата турска серија емитувана кај нас.

Втората сезона на „Со жена без рачна“ почна силно: искрен разговор, многу смеа и Џамбазов каков што ретко се гледа. Целата епизода погледнете ја подолу.

https://www.youtube.com/watch?v=f5J3Ie862GE

Најново

Може ќе ве интересира