КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во Бик до 30 декември?

Како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во Бик до 30 декември?

Јупитер е планета на експанзијата, па додека патува ретроградно, има тенденција да ги „прошири“ прашањата кои бараат наше внимание. Еве како ќе ни влијае енергијата на ретроградниот Јупитер во Бик…rnrnКако ќе ни влијае ретрограден Јупитер во Бик до 30 декември?rnrnЈупитер генерално се смета за планета на светлината, но има и темна страна. Тоа е планета на експанзија, и како што може да го прошири нашите желби и соништа, може да ги прошири и работите што не сакаме да ги гледаме, работите што ги туркаме под тепих бидејќи се премногу болни или непријатни за да размислуваме за нив.rnrnРетроградниот Јупитер може да ни укаже на темната страна на ситуацијата со која се соочуваме, лошиот однос што го негуваме или негативните аспекти на нашата психа. Ни овозможува да видиме повеќе детали, поголема перспектива и подлабока вистина. Колку повеќе гледаме, толку е поголема веројатноста појасно да ја разбереме целата ситуација и да се фокусираме на деталите.rnrnРетроградниот Јупитер во Бик, пак, ќе го прошири она на што треба да се фокусираме, но најверојатно ќе ја нагласи и нашата финансиска состојба.rnrnЈупитер во Бик го означува времето за правење планови за иднината, особено кога се во прашање нашите финансии. Неговата енергија придонесува за сигурен, цврст и стабилен раст, па затоа обидете се да размислувате во таа насока. Но, ретрограден Јупитер во Бик може да влијае и на нашите чувства на самопочит и вредност. На што одлучуваме да му дадеме вредност?rnrnМоже да откриеме дека она што го цениме и нештата кон кои се фокусираме се менуваат во моментот за да бидат усогласени со визијата за нашиот живот и иднина.rnrnСите ретроградни периоди бараат од нас да се навраќаме на минатото за да ги оцениме и повторно да ги разгледаме работите кои сè уште бараат наше внимание.rnrnАко нешто значајно се случило во вашиот живот во претходниот период, очекувајте повторно да стане релевантно. Не брзајте да го пронајдете најлесниот начин за решавање на проблемот, бидете фокусирани на деталите – кога ќе ја погледнете пошироката слика на ситуацијата, решението ќе се појави само по себе.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во Бик, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs