КАФЕ ПАУЗА

Бајковита дигитална уметност

Бајковита дигитална уметност

Written by

in

Овие слики се дело на Чарли Боватер (24) од Велика Британија, уметничка и илустраторка која првенствено се занимава со дигитална уметност. За себе вели дека е страствен вљубеник во Дизниевите долгометражни цртани, а неговото влијание доста често се забележува во нејзината уметност. Младата артистка има неверојатна способност да ги спои бајката и дигиталната уметност во едно, а нејзините дела навистина изгледаат како да се дел од имагинарен свет. Особено е забележлива нејзината „зависност“, како што и самата вели, кон цртањето женски ликови, а според неа сето тоа започнало поради омилениот цртан кога била малечка – „Малата сирена“.rnrnМногумина сметаат дека нејзините илустрации се толку добри поради нејзината способност да црта ликови со совршена анатомија и силни експресии. Нејзините слики често се наоѓаат на страниците на познатите списанија за дигитална уметност 2DArtist Magazine и Imagine FX. Дел од нејзините илустрации можете да ги погледнете подолу.Бајковита дигитална уметност Бајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметностБајковита дигитална уметност
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.