КАФЕ ПАУЗА

Највкусни и најздрави: Рецепт за палачинки со тиквички

Највкусни и најздрави: Рецепт за палачинки со тиквички

Палачинките од тиквички се многу вкусни и можете да ги јадете со безброј комбинации, исто како класичните палачинки, само што овие се поздрави. Освен тоа, рецептот што ви го споделуваме е навистина лесен и нема да ви одземе многу време.rnrnНајвкусни и најздрави: Рецепт за палачинки со тиквичкиrnrnТиквичката е исклучително хранлив зеленчук. Има неутрален вкус, нискокалорична е, има антиинфламаторно дејство, ги чисти цревата, ја враќа еластичноста на кожата и го стимулира метаболизмот.rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 средна тиквичка
  • rn 011

  • 2 средни компири
  • rn 011

  • прстофат сол
  • rn 011

  • 160-200 грама брашно
  • rn 011

  • 1,5 чаши млеко
  • rn 011

  • 3 јајца
  • rn 011

  • магдонос, млад кромид, чешне лук
  • rn 011

  • 3 лажици маслиново масло
  • rn 011

  • прашок за пециво
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1.  Добро изрендајте ги компирите и тиквичката, посолете ги и оставете да отстојат малку. Добро исцедете ги пред да ги ставите во садот каде што ќе ги додадете останатите состојки и ќе ја направите смесата за палачинки.rnrn2. Додадете брашно, прашок за пециво и млеко во смесата со компири и тиквичка, а на крај маслиново масло, трите изматени јајца и зачини – свежо сечкан магдонос, млад кромид и лук.rnrn3. Подмачкајте ја тавата со масло и загрејте ја и пржете ги палачинките како и вообичаено – на тивок оган, додека не поруменат, па свртете ги на другата страна и повторете ја постапката.rnrn4. Можете да ги комбинирате со сирење, шунка и авокадо или да смислите своја комбинација. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени палачинки со сирење и спанаќ.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs