Не смееме да заборавиме дека зголемувањето на температурата влијае не само на нашето тело туку и на нашето ментално здравје. Истражувањата покажале дека високите температури меѓу другото, силно влијаат и на нашите когнитивни способности и расположение.rnrn
rnrnКако резултат на порастот на температурите, нашиот организам се соочува со покачени нивоа на кортизол, што од друга страна придонесува да бидеме раздразливи и немирни. Парасимпатичкиот нервен систем, кој го одржува нашето тело смирено, станува помалку активен на повисоки температури, што нè прави поподложни на стрес.rn
За време на топлотните бранови, менталните проблеми се интензивираат
rnВообичаените ефекти на високите температури врз менталното здравје вклучуваат чувство на летаргија, несоница, зголемена раздразливост, лутина, анксиозност, депресија и стрес. Иако овие психолошки одговори може да изгледаат краткотрајни, тие можат да имаат долгорочни последици. Бројни истражувања покажале дека последиците можат да бидат разноразни како злоупотреба на супстанции, нарушувања на расположението и појава на шизофренија.rn
Високите температури ја намалуваат нашата продуктивност
rnТемпературните скокови можат да влијаат и на сонот и да го нарушат функционирањето на невротрансмитерите во мозокот, кои директно влијаат на нашите когнитивни способности и продуктивност на работа, училиште и дома. Едно истражување покажало дека продуктивноста на работното место е највисока при температура на воздухот од околу 22 Целзиусови степени, додека продуктивноста почнува да опаѓа на 25 степени.rn
Не заборавајте да пиете доволно вода
rnИако сите го знаеме ова, вреди да се напомене дека е важно постојано да се земаат течности, бидејќи тоа може да помогне при ублажувањето на ефектите од високите температури врз менталното здравје. Дехидрацијата е честа појава за време на периоди на екстремни температури и може да ги влоши менталните проблеми. Многу луѓе не пијат течности кога многу се потат или поминуваат време на отворено. Одредени лекови, исто така, може да придонесат или да ја влошат дехидрацијата.rn
Дури и еден степен може да ја влоши депресијата и анксиозноста
rnМораме да сфатиме дека климатските промени влијаат не само на животната средина туку и на нашето физичко и ментално здравје. Една неодамнешна студија покажала дека зголемувањето на температурата за само еден степен може да ги влоши депресијата и анксиозноста и да ја зголеми стапката на самоубиства.rnrnОткако прочитавте како ни влијаат високите температури, можеби ќе сакате да прочитате и која е највисоката температура што човечкото тело може да ја поднесе.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
