Диета со лимон: За една недела исфрлете ги сите отрови од телото!
Лимонот може да ви помогне не само да го изгубите вишокот килограми туку и да се ослободите од токсините и да изградите силен имунитет!
Првото нешто што треба да знаете е дека лимонот е алкална храна. Ова е важно бидејќи повеќето луѓе со прекумерна тежина имаат кисело тело. За да се одржи посакуваното ниво на PH вредност, неопходно е во организмот да се внесе алкална храна.
Кога телото акумулира повеќе отпад отколку што може да отстрани, создава масни клетки кои складираат токсини. Иако е важна функција, вишокот маснотии е опасен по здравјето.
Лимонот спречува: кардиоваскуларни заболувања, камења во бубрезите, анемија, го чисти црниот дроб, го спречува развојот на рак, ги чисти цревата, го ослободува телото од токсини, ги чисти цревата, го спречува гладот и го подобрува имунитетот.
Диета со лимон
1 Ден
Пијте вода со лимон на празен стомак. Наутро испијте чаша вода со лимон (околу 2 лажици сок од лимон). Направете го истото половина час пред оброк. Јадете што е можно поздраво.
2 Ден
Следете ги упатствата од првиот ден. Пијте вода 30 минути пред појадок, ручек и вечера. Испијте 2 до 3 литри минерална вода во која претходно сте исцедиле 6 лимони.
3 Ден
Повторете го претходниот режим, но овој ден пијте вода за време на ручекот. Продолжете да пиете вода во текот на денот.
4 и 5 Ден
Во овие денови следете ја истата диета како и третиот ден. И најважно е да не заборавите секое утро да пиете топла лимонада на празен стомак.
6 Ден
Само 2 чаши вода со лимон. Една шолја наутро на празен стомак и една шолја со ручек или вечера. Пијте обична вода во текот на денот.
7 Ден
Нека ви остане навика секое утро да пиете чаша топла лимонада. Ова не само што ќе ја намали вашата тежина, туку и ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Не заборавајте да пиете обична вода во текот на денот за да ги исфрлите токсините од вашето тело. Прочитајте за придобивките од лимонот во продолжение:
Висок крвен притисок
Лимоните содржат калиум, кој може да помогне да се контролира крвниот притисок и да се олесни гадењето и повраќањето.
Зачувување на бојата на зеленчукот
Карфиолот, на пример, брзо ја губи својата природна боја дури и при најмала термичка обработка. Доколку сакате карфиолот да ја задржи природната боја, исцедете врз него една кафена лажичка сок од лимон пред термичка обработка.
Ментално здравје
Водата со лимон може да го подобри вашето расположение и да ги ублажи симптомите на депресија и стрес. Лимонот брзо ќе ве освежи и ќе ви го зголеми нивото на енергија.
Работни површини во кујната
Доколку работните површини имаат непријатен мирис поради сечење кромид или подготвување риба, добро истријте ги со половина лимон.
Артритис и ревматизам
Лимонот е диуретик, што значи дека го зголемува производството на урина и на тој начин помага да се намали воспалението со исфрлање на токсините и бактериите додека ги ублажува симптомите на артритис и ревматизам.
Превенција на камења во бубрезите
Секојдневното консумирање на вода со лимон може да го стимулира производството на уринарни цитрати, хемиски соединенија кои помагаат во спречување на камења во бубрезите.
Миење овошје и зеленчук
Никогаш не знаете какви видови пестициди и нечистотии може да има на вашето омилено овошје и зеленчук. Исцедете една лажица лимон во шише со распрскувач и измешајте со вода. Испрскајте го на овошје и зеленчук. Сокот од лимон е природно средство за дезинфекција.
Орално здравје
Сокот од лимон може да го запре крварењето на непцата и да ја ублажи забоболката.
Темни дамки на кожата
За да ги осветлите темните дамки на кожата, нанесете сок од лимон директно на тој дел од кожата. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете. Ова е безбеден и ефикасен начин за осветлување на темните дамки на кожата.
Откако прочитавте за здравствените придобивки од лимонот, можеби ќе сакате да прочитате и дека семките од лимон се богат извор на хранливи материи.
Извор: atma.hr