КАФЕ ПАУЗА

Како да ја препознаете емотивната манипулација?

Како да ја препознаете емотивната манипулација?

Written by

in

,

Емоционалната уцена е форма на манипулација каде блиски луѓе директно или индиректно се закануваат дека ќе нè „казнат“ на некој начин затоа што не го правиме она што тие го сакаат. Емоционалните уценувачи знаат колку сме зависни од односот со нив и ги знаат нашите слабости и тајни.rnrnКако да ја препознаете емотивната манипулација?rnrnОва се 6-те фази на емоционална уцена:rn

1. Состојба

rnПрвата фаза на емоционална уцена е поставувањето барања. Манипулаторот поставува барања, понекогаш тоа може да биде директно барање, како на пример: „Не сакам да го/ја видиш“. Понекогаш, пак, барањето се изразува индиректно (т.н. пасивно-агресивно). Тоа може да биде некаква форма на гнев или манипулација со молчење, додека личноста не го направи она што се бара од него. Една од најголемите форми на манипулација во оваа фаза е кога вистинската намера е маскирана со „загриженост“. На пример, „оваа личност има лошо влијание врз тебе“.rn

2. Отпор

rnЗа да дојде до емоционална уцена, мора да има отпор од манипулираниот, во спротивно тоа би било само барање. Понекогаш тоа е цврсто и јасно „не“, поткрепено со аргументи. И понекогаш, некој едноставно може да одбие да разговара или на друг начин да одбие понатамошна комуникација. Постои уште една форма на отпор – тоа е неактивност. Обично со надеж дека уценувачот ќе заборави на сопственото барање.rn

3. Притисок

rnВо нормална врска, кога ќе се спротивставите, другата личност или го остава проблемот или се нуди заеднички да пронајдете решение. Човек кој е вклучен во емоционална уцена ќе се обиде да ве принуди да го исполните неговото барање.rn

4. Закана

rnЕмоционалната уцена секогаш вклучува закана за казна, која ќе биде активирана доколку барањето не се исполни. Заканата може да биде:rnrnДиректна – Ова е јасна изјава за ситуацијата и информации за последиците од неисполнувањето на барањата. На пример, „Ако не го направиш ова, ќе те оставам“.rnrnИндиректна – шпекулации за можни исходи. На пример: „Ако ти не сакаш да одиш во кино со мене, некој друг ќе сака“.rnrnСкриена закана – Во овој случај, тешко е да се погодат вистинските последици, бидејќи тие се кријат зад навидум позитивни информации. Пример: „ Направи како што ти велам заради иднината на нашата врска“.rn

5. Согласност

rnЖртвите на емоционална уцена често се чувствуваат како да немаат алтернатива. Жртвата, не сакајќи да се соочи со последиците искажани од уценувачот, едноставно се согласува со барањето.rn

6. Повторување на манипулацијата

rnУспешната манипулација е цврста основа за понатамошно слично однесување. Кога ќе ѝ покажете на другата личност дека емоционалната уцена е ефективен начин да се исполнат нејзините барања, постои ризик и понатаму да продолжи да се однесува манипулативно.rnrnОткако прочитавте за емотивната манипулација, можеби ќе сакате да прочитате и како емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs