Ова е еден од клучните минерали за нормално функционирање на организмот!

Сподели

Кога станува збор за хранливи материи кои се особено важни за здравјето, малкумина би помислиле на сулфурот. Но, овој минерал, кој е дел од кожата, косата и ноктите, како и сврзното ткиво и ‘рскавицата, односно мускулите и зглобовите, има огромно влијание врз организмот.

Реклама

Сулфурот е вклучен во многу телесни процеси, вклучувајќи го метаболизмот на протеини, јаглехидрати и масти. Ги поттикнува циркулацијата, варењето и отстранувањето на штетните материи од организмот, делува силно против микробите и го потиснува воспалението, го балансира крвниот притисок, холестеролот и шеќерот.rn

Каде се наоѓа?

rnСулфурот се наоѓа во многу намирници. Го има во јајцата, месото, рибата, млекото… Добри извори на сулфур се аспарагусот, мешунките (особено грашокот, гравот, сојата), јаткастите плодови и житариците.

Зеленчукот како брокула, карфиол, кељ, зелка, ротквици, репа, изобилува со лековити сулфурни соединенија, од кои најистакнат е сулфорафан – многу важен за општото здравје.

Колку подолго се готви зеленчукот, толку повеќе се губи сулфур, па се препорачува само кратко загревање. Доволно е само пет минути да се вари зелката на пареа – на овој начин може да се задржат корисните сулфурни соединенија и фините вкусови. Ако зелката се вари повеќе од пет минути, почнуваат да се ослободува водород сулфид, што е причина за непријатниот мирис и губење на вкусот.rn

Корисен е како додаток во исхраната, но и во надворешна примена

rnСулфурот е достапен и во форма на додаток во исхраната познат како МСМ (метил сулфонил метан). Станува збор за вид на органски сулфур кој нормално е присутен во организмот, а се препорачува за детоксикација, зајакнување на имунитетот, како и за поздрава и поубава кожа, коса и нокти.

Сулфурот е корисен и при надворешна апликација, односно на кожата, почнувајќи со капење и терапија во термална сулфурна вода. Термалната минерална вода богата со сулфур има антиинфламаторно дејство, ја намалува болката, ги стимулира циркулацијата и метаболизмот, го забрзува заздравувањето на ткивата. Се користи при разни ревматски, респираторни, гинеколошки и кожни болести и при опоравување од операции и повреди.

Сулфурот често се додава и во препаратите за проблематична кожа и скалп бидејќи го смирува воспалението, ја нормализира работата на лојните жлезди и ја поттикнува регенерацијата на кожата.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од сулфурот, можеби ќе сакате да прочитате и кои симптоми укажуваат на дефицит на витамин Б12.

Извор: sensa.mondo.rs

Популарно

Може ќе ве интересира