КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае сезоната на знакот Лав од 23 јули до 22 август?

Како ќе ни влијае сезоната на знакот Лав од 23 јули до 22 август?

Во период од 23 јули до 22 август, Сонцето ќе транзитира низ огнениот знак Лав. За време на овој транзит, универзумот ќе нè покани да ја пронајдеме нашата внатрешна моќ и сила преку релаксација и забава!rnrnКако ќе ни влијае сезоната на знакот Лав од 23 јули до 22 август?rnrnШто е тоа што прави да се чувствувате моќни? Несомнено е дека тешкотиите и борбите можат да нè направат посилни, но ние чувствуваме вистинска моќ кога сме среќни.rnrnКога сме опуштени и среќни, се чувствуваме сигурни, сакани и подготвени да прифатиме што и да ни донесе животот. Во моментот кога се смееме или доживуваме вистинска радост, сите наши грижи се топат и ниедна болка не може да нè допре.rnrnЗа време на сезоната на Рак, најверојатно бевме фокусирани на грижата за себе и на семејните работи. Како што преминуваме во сезоната на Лав, оваа енергија се менува, овозможувајќи ни да влеземе во покреативен и енергичен простор. Грижата за себе што си ја пруживме за време на сезоната на Рак ќе стане гориво за храбрата сезона на Лав.rnrnВреме е да донесеме храбри одлуки и да ја зацврстиме нашата самодоверба.rnrnСезоната на Лав ќе ни даде прекрасна енергија која ќе ни биде вистинска инспирација, но и поттик за авантури и поврзување со нашите страсти.rnrnЕнергијата на овој знак ќе нè охрабри да блеснеме со нашиот внатрешен пламен, да им се препуштиме на нашите желби и да најдеме време за игра.rnrnВладеењето на Лавот во 2023 година е особено забележливо поради зголемениот број на планети кои се движат ретроградно. Силната ретроградна енергија нè поттикнува да погледнеме наназад, да ги преиспитаме работите и можеби да се справиме со нерешените прашања.rnrnОд групата на ретроградни планети во овој период дефинитивно ќе се истакне Венера, а со оглед на тоа дека таа е планета на љубовта и романтичните врски, а Лавот владее со срцето, најверојатно во периодот што следува ќе работиме на исцелувањето на нашите љубовни рани.rnrnЗа време на владеењето на Лавот, универзумот ќе нè потсети дека во радоста има сила и моќ што може да нè инспирира, мотивира и лекува.rnrnМногумина од нас се обесхрабрени од она што го гледаат во светот. Толку многу од нас се фатени во борбата на секојдневниот живот. Иако сите ние треба да се справиме со суровата реалност на животот, не смееме да им се препуштиме на негативните мисли.rnrnСезоната на Лав ќе нè поттикне да ги оставиме настрана болката и страдањето и наместо тоа повторно да ги откриеме радоста и креативноста.rnrnПравилото за време на сезоната на Лав е да се опуштите и да најдете забава и романса! Одете на одмор, започнете нов курс, одете на романтичен состанок или направете нешто што отсекогаш сте сакале да го направите.rnrnИнспирирајте се. Повторно заљубете се во вашиот живот. Затоа што кога ќе го направите тоа, ќе се чувствувате моќни, силни и мотивирани не само до крајот на годината туку и до крајот на вашиот живот.rnrnИако е лесно да се фокусираме на неволјите, мораме да запомниме да се фокусираме и на убавината што ја нуди животот. Кога се фокусираме на љубовта и радоста, нашите вибрации се зголемуваат и се прошируваат. Стануваме помоќни, стануваме посилни, стануваме посигурни и можеме да најдеме сила да го живееме животот од соништата.rnrnКога се фокусираме на уништување, хаос, болка и страдање, нашите вибрации се намалуваат и животот полека нè гуши. Се чувствуваме беспомошни, исплашени и губиме надеж дека утре може да биде подобро од денес.rnrnЗнакот Лав владее и со срцевата чакра, а преку одвојување време за одмор и релаксација, можеме да ја зајакнеме енергијата и аурата на нашето срце.rnrnСо силно срце има многу малку што не можеме да постигнеме. Со силно срце, можеме да останеме усогласени и поврзани, но и присутни со нашите животи и светот околу нас.rnrnЗа време на сезоната на знакот Лав, исполнете го вашето срце со радост, доверба и љубов преку позитивни мисли и добри дела.rnrnОткако прочитавте за влијанието на сезоната на знакот Лав, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе му влијае транзитот на Меркур во Лав на секој хороскопски знак до 27 јули.rnrnИзвор: atma.hr