Добро познато правило е дека треба да пиете два литри вода дневно. Но, најновата студија ја побива оваа препорака. Па, затоа, колку вода навистина треба да се внесува дневно?rnrn
rnrnФакт е дека е пожелно редовно да се внесува течност во нашето тело. Едно американско истражување покажало дека луѓето кои пијат премалку течности имаат 20 проценти поголеми шанси да умрат предвреме.rnrnСепак, правилото за консумирање два литри вода дневно се чини дека веќе не е релевантно и не е научно засновано според еден од авторите на најновото истражување.rnrnСпоред научникот, наметнувањето на навиката за консумирање два литри вода дневно е резултат на успешните маркетинг стратегии на големите производители.rnrnЕдно ново истражување докажало дека луѓето имаат различни потреби за вода. Така, според ова истражување повеќето луѓе треба да пијат помеѓу 1,5 и 1,8 литри вода на дневна основа.rnrnНаучниците наведуваат дека тоа е така затоа што луѓето кои се хранат здраво покриваат до 50 проценти од потребите за вода со храна. Дополнително, поради различната индивидуална потрошувачка на енергија е потешко се даде општа препорака за дневните потреби за вода.rnrnЖените на возраст од 20 до 40 години можат да консумираат околу 3,3 литри вода секој ден.rnrnМажите на возраст од 20 до 35 години можат да пијат до 4,2 литри дневно.rnrnЛуѓето кои вежбаат, пак, треба да пијат околу литар вода повеќе од просекот на дневна основа.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и дали е пожелно да се пие вода за време на тренинг.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Најново истражување покажало колку литри вода треба да пиете секојдневно!
