Денов го посветуваме на најжешката и најженската боја – розовата. Во новите колекции на модните дизајнери оваа сезона секако не изостанува розовата боја, која е симбол на љубовта и убавината.
Оваа година розовата доаѓа со нов тренд – во пастел варијанта. Најдоминантни бои кои ги донесоа модните трендови во сезоната пролет/лето 2013 се пастелните: бебешко сина и розова.rnrnРозовата пастелна е мека боја која можете да ја комбинирате со бела, бебешко сина, цветни дезени на црна и други.rnrnПокрај пастелната, во мода е и омбре варијантата, а нијансите на розово особено добро изгледаат на фустани.rnrnУште еден начин да носите розово оваа сезона се розовите риги. Ригите се тотално тренди, па зар има подобар начин да изгледате женствено и модерно?rnrnМожете да се облечете и целосно во розово, само секогаш внимавајте на ременот на фустанот кој треба да биде во поинаква боја за да го разбие изгледот.rnrnПогледнете 20 модни комбинации за розови инспирации.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
