Редовната хидратација е важна за функционирањето на нашиот организам, а консумирањето вода е особено важно за оние кои вежбаат бидејќи на тој начин ги надополнуваат течностите во телото кои се губат при вежбањето. Сепак, се поставува прашањето дали е здраво да се пие вода за време на вежбање или само пред и потоа?rnrn
rnrnЕкспертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, после и за време на самиот тренинг. Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода, а без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира.rnrnОсвен тоа, несоодветната количина на вода која се внесува во телото може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидрација, камења во жолчката и дигестивни нарушувања. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на ‘рбетот и ткивата.rnrnЗа време на вежбањето водата помага и во одржување на нормалното ниво на гликоза во крвта. Затоа, спортистите и рекреативците треба да пијат доволно течности за време и по вежбањето, за да се балансира загубата на вода во организмот, истакнуваат експертите.rnrnНајдобар начин да проверите дали пиете доволно вода на дневна основа е да внимавате на бојата на урината. Ако бојата е светло жолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темно жолта или златна, тоа е показател дека треба веднаш да почнете да пиете повеќе вода.rnrnОткако прочитавте зошто е важно да пиете вода додека тренирате, можеби ќе сакате да прочитате и за 11-те предупредувачки знаци дека не пиете доволно вода.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Дали е пожелно да се пие вода за време на тренинг?
