Рецепт за салата со пилешко, ориз и печурки
Станува збор за салата која е лесна за подготовка, а највкусна кога е ладна. Во продолжение прочитајте го рецептот.
Потребни состојки:
- 500 грама печурки
- 250 грама ориз
- 250 грама пилешко бело месо
- 200 грама слатка пченка
- 5-6 кисели краставички
- 300 грама мајонез
- павлака
- оригано
- сол и црн пипер
Начин на подготовка:
Сварете го пилешкото бело месо, испржете ги печурките и сварете го оризот со слатката пченка. Кога пилешкото ќе се олади, исечкајте го на ситни парчиња, а печурките исечкајте ги на поголеми коцки. Оризот и слатката пченка добро исцедете ги. Измешајте ги сите три состојки, додадете ситно сечкани кисели краставички, мајонез, павлака и оригано. Додадете сол и црн пипер по вкус. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за летна салата за слабеење што ќе ве држи сити подолго време.
Извор: citymagazine.danas.rs