Премин на гигантите: Вистинско чудо на природата кое се наоѓа во Европа!
Грофовијата Антрим во Северна Ирска е едно од најбајковитите места во цел свет, а тоа се должи на т.н. Премин на гигантите.
Станува збор за 40 илјади базалтни столбови кои настанале пред 50 до 60 милиони години за време на вулканска ерупција. Преминот се наоѓа на околу 3 километри северно од градот Бушмилс и претставува пример за тоа како ладењето на базалтната лава може да создаде исклучителен пејзаж. Од 1986 година, ова место е и дел од листата на светско наследство на УНЕСКО.
Локалитетот изобилува и со бројни легенди, а најпозната е легендата според која ирскиот воин Фин Маккул ги изградил овие столбови во борбата против шкотскиот ривал, Бенандонер.
Иако ова место му било познато на локалното население, локалитетот се стекнал со национална слава благодарение на епископот Вилијам Кинг кој во 1692 година ја посетил оваа област.
Покрај легендите, Преминот на великаните е познат и по трагедијата од 16 век, кога овде потонала галијата на шпанската војска при што загинале околу илјада луѓе.
Највисоките столбови се високи околу 12 метри, а некои од нив добиле имиња како „џиновска чизма“, „џиновски оргули“ и „џиновска порта“.
Откако прочитавте за овој локалитет во Ирска, можеби ќе сакате да прочитате и за магичниот дрворед во Северна Ирска кој сосема случајно се претворил во туристичка атракција.
Извор: punkufer.dnevnik.hr