Кои намирници треба да ги избегнувате доколку страдате од висок крвен притисок?
Крвниот притисок може да биде голем проблем, а регулирањето на исхраната е еден од најефикасните начини за полесно справување со овој проблем. Доколку имате проблем со висок крвен притисок, треба да избегнувате овие намирници или барем да ги консумирате во помала мера.
Соја сос
Составен дел од азиските јадења, соја сосот е богат со натриум, кој негативно влијае на крвниот притисок. Сепак, има многу алтернативи со помал натриум за соја сос.
Млеко
Една чаша полуобезмастено млеко содржи дури 8 грама масти. Доколку страдате од висок крвен притисок, подобро е да се префрлите на консумирање млеко со малку маснотии.
Кисели краставички
Краставиците се нискокалорични и богати со витамин К. Но, една кисела краставичка со средна големина содржи повеќе од 570 милиграми натриум.
Кисела зелка
Киселата зелка е богата со витамини Ц и К, железо и растителни влакна, но содржи и големи количини на натриум.
Храна која се препорачува за луѓе со висок крвен притисок:
- банана
- спанаќ
- риба
- ленено семе
- храна богата со омега-3 масни киселини
Откако прочитавте кои намирници треба да ги избегнувате доколку страдате од висок крвен притисок, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 намирници ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок.
Извор: citymagazine.danas.rs