КАФЕ ПАУЗА

7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

За да го избегнете високиот крвен притисок, потребно е да внесувате храна со низок процент на сол. Нутриционистите препорачуваат да внесувате колку што е можно повеќе калиум, калциум и магнезиум во организмот. Во продолжение прочитајте кои намирници ги содржат токму овие минерали.rnrn7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисокrn

1. Киви

rnПокрај тоа што се богати со витамин Ц, кивите помагаат и при намалување на крвниот притисок. Најдобро е да ги јадете свежи во овошни салати.rn

2. Обичен јогурт

rnОвој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат врз здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, а можете да го искористите и за подготовка на нискокалорични преливи за салата и јадења со месо.rn

3. Бел грав

rnКалиумот, магнезиумот и калциумот во голема мера се содржат во гравот кој благотворно делува врз намалување на крвниот притисок. Можете да го јадете во вид на манџа, да правите супи од него, да го додадете во салати или да направите пире од грав.rn

4. Праски

rnЗа многумина праските се омиленото летно освежување. Добро е да се знае дека содржат многу хранливи материи и витамини кои поволно делуваат врз здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите смуди од нив.rn

5. Банани

rnЕдна банана со средна големина покрива 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стресот. Најдобро од сè е тоа што кога бананата ќе презрее, не мора да ја фрлате. Ставете ја во замрзнувач, а потоа направете леден десерт.rn

6. Кељ

rnОвој вид лиснат зеленчук се нарекува и суперхрана поради големата количина на антиоксиданси и нискокалоричен состав. Можете да го јадете свеж, во салата или да го варите.rn

7. Брокула

rnСто грама варена брокула на пареа ќе задоволат 6 проценти од дневните потреби за калциум, 8 проценти за магнезиум и 14 проценти за калиум. Овој вид зеленчук треба постојано да биде вклучено во вашето мени со оглед на големата количина антиоксиданси кои ги содржи.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок, можеби ќе сакате да прочитате и кои вежби можат да ви помогнат, а кои треба да ги избегнувате ако имате висок крвен притисок.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr