На кој начин можете полесно да се справите со чувството на разочарување?

На кој начин можете полесно да се справите со чувството на разочарување?

Сигурно сте доживеале ситуација во минатото кога мислите дека сте можеле да направите повеќе и подобро, дека сте можеле да спречите нешто, да постапите поинаку, а по неуспехот сте се почувствувале разочарани. Важно е да сфатите дека сите имаме добри и лоши денови, сите правиме грешки, но и дека е во ред да се чувствувате онака како што се чувствувате. Сепак, никогаш не треба да дозволите да ве обземе очај. Доволно е да бидете искрени со себе и да ги научите лекциите од вашите искуства.

На кој начин можете полесно да се справите со чувството на разочарување?

1. Дозволете си да ја почувствувате секоја емоција

Ако сте разочарани од себе, во ред е да почувствувате тага. Сепак, не обидувајте се да ги потиснувате емоциите и да се преправате дека сè е во ред. Ако чувствувате потреба да плачете, плачете. Ако треба да си дадете негативен фидбек, направете го тоа, но исто како што би сакале да упатите добронамерна критика на колега или пријател – направете го тоа со почит!

2. Разговарајте со некого

Многу често работите изгледаат многу посериозни во нашиот ум отколку што се во реалноста. Затоа, разговорот со доверлив пријател ќе ви помогне да се ослободите и од негативните емоции, а ќе можете и да го разгледате проблемот од повеќе аспекти. Без претерување, без криење и без изговори!

3. Дајте си доволно време за исцелување

Ако сте поминале низ негативно искуство и се чувствувате разочарани од начинот на кој сте се справиле, не можете да очекувате дека сè ќе исчезне само по себе за неколку дена. Понекогаш се потребни недели или дури месеци за да се обработат емоциите и мислите. Љубовта кон себе доаѓа со безусловно прифаќање на сопствената личност, со разбирање на ситуацијата и со простување.

Откако ги прочитавте нашите совети за справување со разочарувањето, можеби ќе сакате да прочитате и кои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар