Езерото Каракул се наоѓа на надморска височина од четири илјади метри; лоцирано е на висок планински масив – Памир, кој се нарекува и покрив на светот. Старо е околу милиони години, а настанало откако на ова место удрил метеор.rnrn
rnrnПовисоко е од езерото Титикака, кое се издига на 3810 метри надморска височина на границата помеѓу Перу и Боливија.rnrnТаџикистан е рај за љубителите на планинарите; тука планините зафаќаат дури 93% од површината. Британските картографи го именувале како „Езерото Викторија“, додека Советите подоцна го прекрстиле во Каракул односно Црно езеро во чија близина се наоѓа истоименото село.rnrnСе протега на 33 километри од север кон југ и 24 километри од исток кон запад. Во текот на денот Црното езеро менува неколку нијанси, од тиркизно до кобалтно сино.rnrnНаслагите на сол што го опкружуваат сугерираат дека станува збор за еден од најсолените езера во Азија. Поради голема количина на сол во водата, овде преживуваат само одреден вид риби кои живеат на песочното дно на езерото. Но, мочуриштата и островите на езерото привлекуваат многу птици преселници како што се хималајските мршојадци.rnrnЗа време на Втората светска војна областа околу езерото служела како затворски логор за германските воени затвореници. Се верува дека поради тоа голем број од жителите се со посветла коса. Подоцна таму паселе овци и кози киргистанските номади кои во текот на летото се искачувале до езерото.rnrnЕдинствените преостанати локални жители се мал број Киргистанци. Тие организираат сместување за смелите посетители кои не се плашат од немилосрдните автопатишта на Памир ниту од роевите комарци кои се појавуваат во летото. Некогаш раскрсница на Централна Азија и станица на Патот на свилата, денес ова место е морничаво и празно.rnrnОткако прочитавте за карактеристиките на ова езеро, можеби ќе сакате да прочитате и каде се наоѓа најсмртоносното езеро во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Црно езеро кое се наоѓа на „покривот на светот“ и кое ја менува бојата во текот на денот
