КАФЕ ПАУЗА

Највисоката камена кула во светот: Забранета за искачување

Највисоката камена кула во светот: Забранета за искачување

Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад, Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток.rnrnНајвисоката камена кула во светот: Забранета за искачувањеrnrnОние кои успеале да ја видат не можат да останат рамнодушни пред нејзината височина. Со своите 562 метри се чини дека оваа кула наречена Болова пирамида, извира од големото сино море и ги допира облаците.rnrnРечиси двојно поголема од Ајфеловата кула, се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е всушност дел од изгаснат вулкан чиј врв останал над морето, а последен пат бил активен пред седум милиони години.rnrnОттогаш, птиците, рибите и другите морски суштества си играат околу неа, а таа го привлекува вниманието на морнарите, пилотите и планинарите кои сонуваат да се искачат на врвот. Првиот човек за кој се знае дека ја видел таа огромна кула бил Хенри Бол, кој ја нарекол по себе. Хенри поминал покрај ова место во 1788 година со бродот Supply, носејќи доселеници на Норфолк.rnrnСамо неколку алпинисти успеале да се изборат со силните бранови за да се искачат на врвот на пирамидата. Но, тоа е само почетокот. Опасноста се должи пред сè на кревките карпи кои се уриваат во морето и претставуваат голема опасност за алпинистите, а поради тоа е забрането и качување по пирамидата. Казната за непослушните планинари е 5000 американски долари или околу 4500 евра.rnrnОткако прочитавте за највисоката камена кула во светот, можеби ќе сакате да прочитате и каде се наоѓа најмалиот населен остров во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr