Доколку имате проблем со мозолчиња, веројатно веќе сте пробале едно чудо козметички третмани, а ако се работи за нешто посериозно, сигурно сте посетиле и доктор. Но, всушност, со мали промени во исхраната, за само две седмици, можете да поостинете големи промени во изгледот на вашата кожа.rnrn
rn
1. Омега 3
rnДоколку ја збогатите храната со омега-3 масни киселини, многу ќе си олесните во борбата против акните. Јадете свежа риба 3-4 пати неделно, но не од оние од мрестилиште, заради поголемата количина жива што ја содржат. Ако не сте љубители на риба, земете рибино масло и конзумирајте го како додаток во исхраната.rn
2. Исфрлете го шеќерот
rnНе само шеќерот, туку се препорачува да го исфрлите и овошјето на некое време. Овошјето е многу здраво, но содржи шеќер кој влијае на хормоните и може да предизвика воспаление ако имате чувствителна кожа и се борите со акни. Рафинираниот шеќер докажано создава зависност како кокаинот. Тој предизвикува брз пораст на нивото на шеќерот во крвта, што пак предизвикува покачено лачење на инсулин. Тоа поттикнува раст на клетките околу порите на кожата и лачење на андроген кој предизвикува создавање на масти и настанок на акни.rn
3. Рафинирани житарки
rnРафинираните житарки не се помало зло од шеќерот. Избегнувајте бело брашно и во исхраната воведете намирници како кафеав ориз, квиноја, коренест зеленчук и сл.rn
4. Јадете повеќе зеленчук
rnБирајте зелен лисест зеленчук без пестициди, зачинете го со лук и лимон или направете зеленчуково смуди. Збогатете ја својата исхрана со поголеми количини зеленчук бидејќи витамините и минералите од овие плодови благотворно делуваат на кожата.rn
5. Пробиотици
rnПробиотиците се многу здрави за организмот, па добро е да конзумирате намирници кои содржат пробиотичка култура. Производи со пробиотици можете да купите во аптека и со нив можете да ја надополните вашата исхрана.rn
6. Зелен чај
rnЗелениот чај е добар за многу нешта, но за вашата кожа може да направи чудо. Притоа, купувајте зелен чај без кофеин, бидејќи кофеинот исто така делува на нивото на шеќер во крвта.rn
7. Вода и лимон
rnПијте доволно вода и во неа додавајте по малку лимон. Лимонот го детоксицира целиот организам, па и кожата. Освен тоа, водата со лимон е повкусна за пиење, па така полесно ќе ја испиете потребната количина.