Во април годинава ќе се одржи аукција на скелет на Тираносаурус рекс за прв пат во Европа. Швајцарска аукциска куќа Koller auctions со седиште во Цирих смета дека посмртните останки на тираносаурусот стар 67 милиони години ќе привлечат голем број заинтересирани страни.rnrn
rnrn„Ова е трет пат во цел свет како скелет со исклучителен квалитет е изложен на аукција“, е објавено на веб-страницата на аукциската куќа. Не е чудно што предвидуваат дека остатоците од Т-рекс ќе достигнат цена од околу еден милион швајцарски франци или околу 1,1 милион евра.rnrnОпишан како еден од најспектакуларните Т-рекс скелети што постојат, примерокот познат по имеTRX-293 Trinity e долг 11,6 метри и висок 3,9 метри.rnrnПовеќе од половина од коскениот материјал доаѓа од три примероци од тираносаурусите ископани помеѓу 2008 и 2013 година во Монтана и Вајоминг во Соединетите Американски Држави.rnrnАукцијата е отворена за сите заинтересирани, што предизвика големо негодување од страна на научната заедница која не верува дека таков вреден примерок треба да дојде во приватни раце. Дали тоа ќе се случи останува да видиме на 18 април оваа година за кога е закажана лицитацијата.rnrnТираносаурусите биле најголемите месојадни диносауруси во периодот на горна креда во Северна Америка кои изумреле пред 65 милиони години. Припадниците на овој род биле со тежина од околу 7 тони, а главата им била долга околу 1,5 метри.rnrnОткако прочитавте за оваа необична аукција, можеби ќе сакате да прочитате и 13 митови за диносаурусите кои не се точни.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
За прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!
