Речиси секој од нас бил вљубен во диносаурусите. Сите ние сме имале играчки диносауруси со кои сме воделе епски битки како деца. Секој од нас се восхитувал на големината и на моќта на овие древни суштества. Но колку од работите што ги знаеме за нив се вистина? Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека поголемиот дел од фактите кои сме ги научиле за нив, всушност не се точни.rn
1. Тие рикале како џиновски лавови
rn
rnrnРечиси секое суштество кое е способно за вокaлизација има ларинкс, или грклан. Но, кај ниту еден фосил од диносаурусите не е пронајден грклан. Според ова, научниците развиле теорија дека тие можеби испуштале звуци многу слични на крокодилите, односно звуци со многу ниска фреквенција.rn
2. Диносаурусите биле зелени и лушпести
rn
rnrnНие си ги замислуваме диносаурусите на овој начин бидејќи, нели, треба да изгледаат како огромни гуштери. Но, најверојатно тие биле со светли бои и имале пердуви.rn
3. Малите раце на тираносаурусот бие слаби и бескорисни
rn
rnrnИако мали, рацете на овој вид биле мускулести и веројатно секоја од нив можела да помрдне барем 200 килограми.rn
4. Бронтосаурусот е вистински
rn
rnrnМожеби мислите дека овој диносаурус со долг врат навистина постоел, но ова верување е резултат на грешка. Еден палеонтолог по грешка го ставил черепот од еден диносаурус на друг и го нарекол „новиот“ вид бронтосаурус.rn
5. Тие биле ладнокрвни суштества
rn
rnrnСо децении научниците верувале дека диносаурусите се ладнокрвни, исто како денешните влекачи. Но, ако ова било вистина тие ќе ја немале мускулната моќ. Денес постојат повеќе докази кои покажуваат дека тие биле брзи месојади и топлокрвни.rn
6. Велоцирапторите биле многу поголеми од луѓето
rn
rnrnМногу од нас немаа слушнато за овој вид пред Паркот Јура. А овој филм ни ја вметна идејата дека тие биле големи предатори, но и многу паметни. Вистината е дека иако биле навистина злобни, тие не биле поголеми од куче.rnrnПродолжува на следната страница…rn
