Астролозите открија кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 2026 година!

Астролозите открија кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 2026 година!

Сатурн е планетата која симболично се нарекува учител во животот, онаа која ни покажува што треба да направиме за да го насочиме животот кон нови достигнувања. Со помош на оваа планета, можеме подобро да видиме како минатото влијае врз нашата сегашност. Сатурн ни ги дава лекциите што треба да ги совладаме за да растеме понатаму и ни помага да се соочиме со реалноста онаква каква што е.

Астролозите открија кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 2026 година!

Секој негов транзит носи можности за нови учења, а од 7 март 2023 година до 14 февруари 2026 година Сатурн ќе се движи низ Рибите, последниот знак на Зодијакот. Пред да почне да транзитира низ Овен, ќе мора да ги затвориме сите стари поглавја и да престанеме да ги игнорираме старите проблеми.

Ќе мора да се соочиме со последиците од нашите досегашни постапки. Тоа ќе биде неопходно за да му ставиме крај на минатото и да изградиме подобар живот.

Енергијата на Сатурн ќе ни помогне и да сфатиме што треба да смениме во иднина за да не ги повториме истите грешки. Освен тоа, ќе откриеме и одредени тајни; она што долго време скриено полека ќе излезе на површина и конечно ќе сфатиме зошто нешто се случило и зошто морало да биде токму како што било.

Негативни аспекти транзитот на Сатурн во Риби:

  • Ќе изгубиме нешто или ќе се збогуваме со некого
  • Болни искуства како резултат на избегнувањето одговорност
  • Чувство на збунетост, вознемиреност, хаос и изгубеност
  • Зголемување на стравовите
  • Жртвување за погрешни цели

Позитивни аспекти:

  • Губење илузии и откривање на лагите
  • Разбирање на важноста на емпатијата
  • Развивање свесност за тоа колку сите сме поврзани
  • Увид во важноста на личните граници
  • Соочување со стравовите и ослободување од нив
  • Сфаќање на улогата на емоциите во нашиот живот
  • Остварени соништа

Во што верувате? За што се жртвувате? Можете ли да живее тука и сега, без контрола, колку и да се чини неизвесно? Дали имате храброст да се соочите со себе и да се повлечете во тишина? Кој е вашиот сон? Што е тоа што ве тера да тргнете по тој пат?

Последен пат Сатурн бил во Риби во периодите од март 1964 до март 1967 година и од мај 1993 до април 1996 година. Луѓето родени во овие период ги очекуваат големи животни промени, како и луѓето родени во знаците Близнаци, Девица, Стрелец и Риби.

Препораки за поздрав и постабилен живот се релаксација, интроспекција, простување, изразување благодарност, квалитетен сон, редовно вежбање и повеќе време за одмор.

Откако прочитавте кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени до 2026 година, можеби ќе сакате да прочитате и кој ќе биде најсреќниот хороскопски знак до крајот на 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар