КАФЕ ПАУЗА

Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“

Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“

Во близина на селото Нове Чарново во Полска се наоѓа мистериозна шума со околу четиристотини парчиња борови од еден до три метри височина. Тоа не би било чудно доколку дрвјата не беа искривени во форма на буквата Ј.rnrnМистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“rnrnМногумина се обиделе да го протолкуваат феноменот „Крива шума“, но никој не успеал да ги докаже своите теории.rnrnСтанува збор за дрвја засадени во триесеттите години на минатиот век, а се претпоставува дека шумарите ги искривиле стеблата десет години подоцна за да можат полесно да се користат во дрвната индустрија, особено за изградба на бродови.rnrnДруги сметаат дека младите дрвја се свиле под дебелата снежна покривка во текот на зимските месеци, додека љубителите на мистериозноста претпоставуваат дека обликот на боровите се должи на фактот дека низ оваа област поминале тенкови во Втората светска војна.rnrnСе разбира, секогаш постои група на луѓе кои веруваат дека искривените стебла се резултат на нешто натприродно. Иако не е познато што точно влијаело на изгледот на оваа шума, сепак нејзиниот шарм и магичност воодушевуваат многу патници.rnrnОткако прочитавте за оваа мистериозна шума, можеби ќе сакате да прочитате и за мистериозното место од најлошиот кошмар: Дали ова е најстрашната опседната куќа во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr