Во последно време, вината кај жртвите на силување сè повеќе се префрла на самите жртви. Се слушаат обвинувања како „Сама си го барала“, Да не сакала да биде силувана немало да се облече толку провокативно“ и многу други, кои целосно го одвлекуваат вниманието од личноста која е навистина виновна за силувањето.rnrn
rnrnНо, конечно се појави нова надеж. „The Times of India“ спровеле огромна кампања со која се обидуваат повторно да ја вратат вината онаму каде што припаѓа – кај силувачот. Оваа кампања била инспирирана од серијата насилни силувања во Индија. И покрај тоа што нема да може да го реши овој проблем, сепак има позитивно влијание на жените на кои им покажува дека постојат луѓе кои ги сфаќаат и кои ги поддржуваат.rnrn
rnrnШто е дефиниција за мажественост?rnrnДали е стомачни мускули, гел во косата и бицепси?rnrnДали е безброј часови поминати во теретана?rnrnДали е брзо возење и пијани тепачки?rnrnДали е влакненца кои ѕиркаат од откопчана кошула?rnrnДефиницијата за мажественоста не се сантиметрите во вашите пантолони.rnrnТуку просторот помеѓу вашите уши.rnrnНачинот на кој размислувате определува колку сте мажествени.rnrnВистинскиот тест за вашата мажественост е во начинот на кој третирате жена.rnrnСите жени. Која било жена. Секоја жена.rnrnАко не ги почитувате жените, вие сте само пола маж.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
