Стив Тејлор од Тексас изградил неверојатна „куќа на дрво“ на дури шест ката. Овој инженер искористил четири контејнери за транспорт, ги споил и делумно ги поврзал со дрво за да го изгради ова прекрасно здание кое го нарекол „замок во водухот“.rnrn
rnrnЗа разлика од куќичките на дрвја кои се одликуваат со мали тесни простори, оваа градба е навистина импресивна и пространа. Има две спални соби, дневна соба од 37 метри квадратни, бања со када, добро опремена кујна, па дури и џакузи.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗамокот во воздухот е украсен во стилот на модерни селски куќи со огромни прозорци кои пропуштаат многу природна светлина. Исто така ви стојат на располагање пет балкони и тераса со прекрасен поглед на зелената околина каде можете да забележите различни животни – од јастреби до елени и диви свињи.rnrn
rnrnСпирални скали високи шест метри водат до влезната врата, а од безбедносни причини, овде можат да живеат само лица постари од 12 години. Покрај тоа, домот е идеален е за сместување на четири лица.rnrnСопственикот првично планирал да ја изгради оваа куќа за свои потреби, но на крајот решил да ја изнајмува преку интернет платформата Airbnb по цена од околу 300 евра за ноќевање.rnrnОткако прочитавте за овој неверојатен дизајн, можеби ќе сакате да ги погледнете и најубавите куќички на дрвја.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери
