КАФЕ ПАУЗА

Консумирајте сок од цвекло за поголема мускулна сила!

Консумирајте сок од цвекло за поголема мускулна сила!

Силните мускули не само што можат да ви помогнат да се справите со физичките активности без да се повредите, туку исто така ви дозволуваат да согорувате калории на ефикасен начин. Најновите истражувања покажале дека сокот од цвекло може да ја зголеми мускулната сила.rnrnКонсумирајте сок од цвекло за поголема мускулна сила! rnrnИстражувачите откриле дека учесниците кои внесувале калиум нитрат имале повеќе нитрати во мускулите, односно кај нив била зголемена мускулната сила за разлика од учесниците кои земале плацебо.rn

„Прв пат покажуваме дека нивото на нитрати во мускулите пред вежбањето е поврзано со количината на енергија што мускулите можат да ја произведат“, изјави авторот на студијата, д-р Ендрју М. Џонс, професор по применета физиологија на Универзитетот во Ексетер. Џонс објасни дека ова е веројатно поради фактот што „се чини дека мускулите го користат нитратот за да ја подобрат својата способност да се контрахираат“.

rnСпоред нутриционистите, нитратите се молекули на азот и кислород кои се произведуваат во телото и можат да се најдат и во одредени видови храна како целер и зелена салата, како и сок од цвекло. Кога консумирате храна или пијалаци со нитрати, тие помагаат да се претвори кислородот во енергија на поефикасен начин, што ја зголемува издржливоста при вежбање.rnrnАко сакате да додадете повеќе опции богати со нитрати во вашето редовно мени, можете да консумирате спанаќ, рукола, ротквички, цреши, брусница, сок од грејпфрут, сок од домати, сок од морков и друг зелен лиснат зеленчук.rnrnОткако прочитавте зошто треба да консумирате сок од цвекло, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци.rnrnИзвор: eatthis.com