Кога зборуваме за здравјето мислиме на повеќе аспекти кои се поврзани со него, како што се исхраната, движењето, општото здравје и менталната состојба. Ако честопати чувствувате грчеви и умор, голема е веројатноста тоа да има врска со вашите хормони.rnrn
rnrnХормоните се толку важни што можат да влијаат на речиси секој аспект од вашиот живот – од вашата ментална јасност, составот на телото, дебелината и квалитетот на вашата кожа, па дури и вашето расположение. Повеќето жени не се свесни дека нивниот избор на храна може да има големо влијание врз хормоналната рамнотежа. Затоа, важно е да знаете која храна да ја изберете, а која може да ги наруши вашите хормони. Во продолжение прочитајте кои четири намирници можат лошо да влијаат на вашите хормони:rn
Кофеин
rnКафето и чајот можат да доведат до ослободување на хормони како адреналин и кортизол. Тие прават да се чувствувате будно, но исто така можат да го зголемат вашиот крвен притисок, да го зголемат пулсот и да предизвикаат мускулна напнатост и главоболки. Бидете внимателни со овие пијалоци пред спиење, бидејќи тие може да ги попречат циклусите на длабок сон и да го отежнат заспивањето, што може да доведе до поголем замор во текот на денот како и тешкотии со концентрирање и несоница.rn
Шеќер
rnКога јадете многу шеќер, панкреасот ослободува инсулин кој помага да се контролира нивото на гликоза во крвта. Колку повеќе шеќер јадете, толку повеќе инсулин се ослободува и толку повеќе нивото на гликоза во крвта се намалува. Ова може да предизвика замор и промени во расположението и да доведе до отпорност на инсулин. Тоа, пак, може да доведе до бројни здравствени проблеми вклучувајќи и дијабетес. Ако постојано имате високи нивоа на инсулин вашето тело нема да препознае кога сте сити и ќе јадете повеќе отколку што навистина ви треба. Шеќерот исто така го зголемува производството на кортизол во вашето тело, хормонот на стрес кој ве тера да копнеете по храна кога сте под стрес.rn
Овошје и зеленчук со пестициди
rnЗеленчукот и овошјето кои биле третирани со пестициди може да имаат многу негативен ефект врз хормоните бидејќи содржат хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем. Сепак, ова може да се избегне ако изберете органска храна секогаш кога е можно.rn
Алкохол
rnКонсумирањето црвено вино во умерени количини може да биде добро за вашето здравје, но пиењето алкохол секоја вечер може да има хормонални последици. Сето ова може да доведе до надуеност, зголемување на телесната тежина, влошување на работата и функцијата на штитната жлезда и појава на здравствени проблеми со црниот дроб.rnrnОткако прочитавте кои намирници штетно влијаат врз женските хормони, можеби ќе сакате да прочитате и кои здрави напитоци ги регулираат хормоните на природен начин.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
