Не пропуштајте го хороскопот од 31 ноември до 6 октомври!
rn
Овен
rnПрвата половина од неделата ќе биде неповолно време за учење и патување. Од друга страна, ќе се зголемува вашата потреба за силни емоционални манифестации и затоа е потребно да ги контролирате негативните емоции. Втората половина од неделата може да биде поврзана со зголемени несогласувања во партнерските односи. Во брачните односи однесувајте се нежно и љубезно кон партнерот и обидете се да ги избегнете расправиите.rn
Бик
rnВо првата половина од неделата значително ќе се подобрат вашите брачни односи. Тоа не значи дека сите проблеми ќе се решат и ќе се отстранат. Сепак, ќе ја видите подготвеноста на вашиот партнер да преземе одговорност за решавањето на конкретни прашања. Обидете се да ги подобрите и односите со пријателите. Во втората половина од неделата треба да посветите повеќе внимание на здравјето.rn
Близнаци
rnВо текот на првата половина од неделата ќе имате можност да го подобрите здравјето. За таа цел, астролозите ви препорачуваат активно вежбање. Меѓу другото, ова ќе биде добро време да се ослободите од лошите навики и да ја промените вашата дневна рутина. Ако сте заљубени, избегнувајте изливи на љубомора. Обидете се да најдете заеднички јазик со партнерот.rn
Рак
rnЅвездите ве советуваат да ги избегнувате стресните ситуации, особено во првата половина од неделата. Не преморувајте се на работа доколку вашата активност е поврзана со ментална работа. Од друга страна, ова ќе биде одлично време за романтични врски и брак. Така, некои од вас ќе сакаат да ја официјализираат својата врска. Меѓу другото, астролозите ви препорачуваат да поминувате повеќе време на забави, да присуствувате на свечени настани и концерти.rn
Лав
rnВо првата половина од неделата ќе имате можности за воспоставување совршен ред во семејството и домот. Сепак, бидете внимателни бидејќи ве очекуваат тензии во љубовта доколку не комуницирате отворено со партнерот особено за прашањата кои ве мачат во последно време.rn
Девица
rnОваа недела ќе имате можност да патувате и да стекнете романтични познанства во првата половина од неделата. Ве очекуваат и многу други пријатни искуства поврзани со комуникација со луѓе и размена на информации. Во втората половина од неделата можеби ќе имате потреба од дополнителни финансиски средства. Затоа, овие денови не треба да купувате скапи подароци и предмети кои не ви се потребни.
Продолжува на следната страница…

