Кои се негативните последици од претераното размислување?

Кои се негативните последици од претераното размислување?

Иако претерано размислување е нешто што многумина од нас го прават, сепак важно е да бидеме свесни за неговото негативно влијание. Доколку, пак, премине во хронична фаза, претераното размислување може значително да ја влоши нашата благосостојба. Ова се најчестите последици до кои може да доведе претераното размислување.

Кои се негативните последици од претераното размислување?

1. Чувствувате помалку радост

Кога претерано размислувате за одредена работа вие не го живеете сегашниот момент. Ова се заснова на самиот факт дека не можете да бидете на две места одеднаш. Ако постојано заборавате на деталите за вашата околина и луѓето во неа, голема е веројатноста дека сте преокупирани со светот во вашиот ум.
Ако вашата цел е да бидете среќни тогаш бидете сигурни дека нема да ја пронајдете среќата со претерано размислување.

2. Нарушени односи со другите

Дали некогаш ви се случило да бидете покрај некого кој е цело време отсутен со мислите? Како се чувствувавте во тие моменти? Фрустрирачки, нели? Имајте на ум дека здравата врска бара поврзаност и присутност, а таа е оневозможена кога едната страна (или двете) не е присутна.

3. Хронична исцрпеност

Еден од главните несакани ефекти на хроничното претерано размислување е физичката исцрпеност. Ако се чувствувате постојано исцрпени без никакво објаснување зошто, тогаш најверојатно главниот виновник се вашите мисли.

4. Не можете да заспиете

Вашите мисли можат да ве спречат да заспиете и на тој начин да го оневозможат вашиот одмор. Освен тоа, недостатокот на сон може да доведе и до многу други здравствени проблеми.

Откако прочитавте за последиците од претераното размислување, можеби ќе сакате да прочитате и нашите совети за оптимистичко размислување и позитивен поглед на животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар