КАФЕ ПАУЗА

12 луди мистерии на нашата планета кои сè уште не се решени

Мислиме дека ја имаме истражено целата планета и веќе сме подготвени да ја истражуваме вселената. Но, изгледа Земјата не завршила со нејзините изненадувања. Погледнете ги овие 12 факти за нашиот свет за кои сè уште нема објаснување. rn

1. Ја немаме достигнато мантијата на Земјата

rn(1)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mkrnrnСеизмолозите сметаат дека внатрешното јадро на Земјата е цврсто, додека надворешното е течно. Веднаш над него се наоѓа мантијата на Земјата на која се „лизга“ нејзината површина. Но, ние не знаеме од што се состои овој слој бидејќи никогаш не сме го достигнале. Тој се наоѓа на длабочина од 30 до 2.900 километри. Најголемата дупка која ја има направено човекот се наоѓа во Русија и е длабока 12,3 километри.rn

2. Магнетните полови може да се сменат

rn(2)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mkrnrnМагнетните полови на Земјата можат да се движат и да ја сменат својата насока. Научниците откриле дека ова се случило многу пати. Последната промена настанала пред 10 милиони години и веројатно ќе настане пак. Но, никој не ја знае причината за ова.rn

3. Сме имале две месечини

rn(3)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mkrnrnАстрономите велат дека Земјата имала два сателита пред 4,6 милиони години. Вториот сателит имал дијаметар од 1.200 километри и ја следел орбитата на месечината сè додека не се судриле. Оваа катаклизма може да објасни зошто двете страни на месечината се толку различни.rn

4. Земјотреси на месечината

rn(4)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mkrnrnМалку луѓе знаат дека земјотреси има и на месечината. За разлика од овие на Земјата, тие не се толку моќни и се многу ретки. Постои верување дека тие се предизвикани од привлечната сила на сонцето и Земјата, како и од метеорите кои ја бомбардираат месечината.rn

5. Земјата се врти многу брзо

rn(5)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mkrnrnЗемјата се врти со брзина од 1.600 километри на час. Нејзиното движење околу сонцето е уште побрзо – 108.000 километри на час. Поради константната брзина и силата на гравитацијата, ние не чувствуваме ништо. Само ако се промени брзината би можеле нешто да забележиме. rn

6. Времето „расте“

rn(6)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mkrnrnПред 620 милиони години, еден ден на Земјата траел околу 21,9 часа. Земјата полека забавува, а тоа се случува со брзина од 70 милисекунди на секои 100 години. Па, тоа значи дека уште 100 милиони години денот на Земјата ќе биде 24 часа.rnrnПродолжува на следната страница…rn