Ако сте љубител на графити, можеби сте запознаени со делата на Pierrot, француски уметник познат под псевдонимот Scaf. Тој се занимава со 3Д улична уметност која може да ги збуни или можеби дури и да ги исплаши минувачите со својот реализам.
Неговата колекција со графити вклучува портрети на познати луѓе, животни и разноразни фасцинантни суштества.rnОна што ги прави уникатни графитите на Scaf е неговиот „разигран“ пристап кон неговите креации. Тој позира со своите готови дела така што фотографиите изгледаат како мали извадоци од филмски сцени.
Откако ги погледнавте овие графити, можеби ќе сакате да ги погледнете и фантастичните графити на еден италијански уметник.
Извор: designyoutrust.com

