Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, на 30 септември повторно се отвора dm дрогеријата во East Gate Mall во Скопје!
Големото реотворање на реновираната дрогерија, од компанијата го најавија за 30 септември, а по тој повод се најавени попусти од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 3 дена, од 30.9 до 2.10.2022 година.
Дополнително, на денот на реотворањето, со секоја сметка над 500 мкд, купувачите ќе добијат ПОДАРОК Balea гел за туширање.
Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm во EAST GATE MALL. Посетителите на најголемиот шопинг мол во земјава повторно ќе може да пазаруваат во dm, најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживаат во докажаниот германски квалитет по супер цени.
Реновирана дрогерија на dm се простира на 316,85 m2 продажен простор, 24,53 m2 магацински простор и 13,58 m2 помошен простор. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето, проширени се одредени категории на производи со што ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Како компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Оваа пракса нема да биде исклучок и на ова реотворање, а компанијата дел од својот промет остварен на тој ден ќе го донира кон Кризниот центар за семејно насилство „Надеж“ од Скопје.
Бидете дел од и вие од ова големо реотворање на dm во EAST GATE MALL и искористете ги попустите на dm од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи!