Сакате да уживате во чаша добро пиво? Посетете ги овие европски градови!

Сакате да уживате во чаша добро пиво? Посетете ги овие европски градови!

Секако, Минхен е незаменлив дел од секоја ваква листа бидејќи станува збор за градот во кој се одржува најпознатиот светски фестивал на пивото , Октоберфест. Но, овој пат одлучивме да ве одведеме на прошетка и во други европски градови каде исто така можете да уживате во пивото…

Сакате да уживате во чаша добро пиво? Посетете ги овие европски градови!

Берн, Швајцарија

И покрај фактот дека Берн е релативно мал град, политичкиот центар на Швајцарија е дом на речиси 200 пивници. Најголем дел од нив се наоѓаат во најмодерниот кварт на градот, Breitenrain, а некои се сместени дури и во гаражи, визби и пералници. Во секој случај, локалното пиво нема да ве разочара.

Гент, Белгија

Доколку почувствувате лежерна атмосфера во третиот по големина град во Белгија, тоа најверојатно се должи на пивото што тече низ неговите вени. Доказ за богатата култура на пиење пиво е фактот дека во 2016 оваа традиција постана дел од листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Вроцлав, Полска

Полската пивска култура е легендарна низ Европа, а според многумина, Вроцлав е најдобриот град во земјата за уживање во добра голтка пиво. Во последните десет години е забележан постојан раст на малите пивници во Вроцлав, а повеќето од нив се наоѓаат во центарот на градот.

Сакате да уживате во чаша добро пиво? Посетете ги овие европски градови!

Букурешт, Романија

Во изминатите неколку години Букурешт се збогати со нови пиварници од кои најпопуларни меѓу локалното население се Ground Zero и Berestroika. Уживајте во пивото така што ќе посетите една од пивниците во стариот дел од градот.

Откако го прочитавте нашиот список со најдобрите европски градови за дегустација на пиво, можеби ќе сакате да прочитате и зошто пивото е добро за вашето здравје.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар